Дома Фудбал Неверојатниот Роналдо. Еве ги сите рекорди кои ги постави со головите за Португалија

Неверојатниот Роналдо. Еве ги сите рекорди кои ги постави со головите за Португалија

КРИСТИЈАНО РОНАЛДО (38) постигна два гола за победа на Португалија над Словачка (3:2) во Порто, со која домаќинот се пласираше на ЕП како прв во групата на три кола пред крајот на квалификациите.

Со овие голови и победа Роналдо постави низа тешко достапни рекорди. Стана фудбалер со најмногу победи во кариерата, дури 780.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Со головите против Словачка стана фудбалер со најмногу победи во кариерата
Тој ги собори светските рекорди по број на натпревари (202) и голови (125) за репрезентацијата. Со двата гола против Словачка стигна до 857 гола во кариерата. Понатаму, тој го постигна подвигот да даде 100 гола во третата деценија. 2000-тите ги заврши со 206 гола, 2010-те со 550 и со овие два гола стигна до 100 гола за Словачка во 2020-тите.

Со головите за синоќешната победа Роналдо стана првиот играч во историјата кој се појавил на шест европски првенства. Кога сме веќе кај ова, оваа информација најдобро покажува како Португалија од репрезентација од ниска класа стана сила предводена од Роналдо: пред него, Португалија се квалификуваше на само 3 од 17 Светски првенства и на 3 од 11 Европски првенства.

Од почетокот на ерата на Роналдо има 5/5 пласмани на Мундијалот и сега 6/6 пласмани на Евро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …