Дома Останати Авто Мото Неверојатна сума: Еве колку троши семејството на Шумахер за неговото лекување

Неверојатна сума: Еве колку троши семејството на Шумахер за неговото лекување

Семејството на легендарниот возач во Формула 1, Михаел Шумахер неодамна на аукција започна да ги продава личните работи на седумкратниот шампион со цел да собере пари за неговото лекување и опоравување.

Шумахер пред 11 години при скијање заработи тешка повреда на главата и од тој момент за неговата состојба не се знае премногу.


Чекаме казна за Даку! (ја дочекавме) ↓↓↓


Меѓутоа сега се открива колкава е сумата која годишно семејството ја троши за покривање на сите потребни трошоци околу негата на Шумахер. Последните информации се дека трошоците пораснале на седум милиони евра годишно.

Поради ова неговата сопруга Корина одлучила да ја продаде вилата, како и замокот во негова сопственост, приватниот авион и колекцијата часовници.

Славниот возач повредата ја заработи пред крајот на 2013 година кога на скијање падна надвор од патеката и дурги со глава во карпа. Покрај тоа што носел заштитна кацига тој се здобил со сериозни повреда. Семејството засега ја држи во тајност неговата состојба и малкумина се оние кои знаат во каква точно состојба е Шумахер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Во Формула 1 вакво нешто не се случило скоро 30 години

Џорџ Расел од редовите на Мерцедес го постави најбрзото време во квалификациите пред тркат…