Eкипата на Барселона дефинитивно е една од оние кои го обележаа овој летен преоден рок.
Жоан Лапорта полека докажува дека е вистинскиот човек за таа позиција, иако можеби направи грешка со лажната надеж за враќање на Меси, сепак во тешка ситуација успеа да обезбеди одличен тим.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ако се одземе неуспешниот обид да се доведе Меси, Барселона има фантастичен преоден рок.
Верувале или не Барселона потроши само 3.4 милиони евра, а доби пет засилувања. Тие пари беа потрошени само за доведување на Ориол Ромеу. Гундоган и Ињиго Мартинез пристигнаа без оштета, додека Феликс и Кансело се на позајмици.
Кога би се погледнал тимот на Чави, изгледа дека Барселона има се, вистинска конкуренција на секоја позиција.
Неверојатно звучи и дека од тимот со кој Барселона ја започна сезоната 2021/2022 кога Чави дојде на местото на Роналд Куман има само пет играчи – Тер Штеген, Араухо, Де Јонг, Роберто и резервниот голман Ињаки Пења.