Баерн Минхен денес го претстави Томас Тухел, а отказот на Јулијан Нагелсман беше големо изненадување за фудбалската јавност.
Нагелсман Баерн го презема минатата сезона од Ханси Флик и во првата сезона ја освои титулата во Германија и изгледаше дека оваа сезона може до втората, но тимот доживеа пад во формата со почетокот на 2023 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во последните 10 натпревари, Баерн победи само на пет и го препушти првото место на Борусија Дортмунд која сега има бод предност пред директниот дуел на 1. април. Исто така Баерн го чека и четвртфиналето во Лигата на шампионите против Манчестер Сити.
Низ медиумите се шпекулира што било причината за отказот на Неглсман, а интересна изјава даде Маркус Бабел кој во Баерн играше од 1994 до 2000 година. Бабел за Баерн одигра 261 натпревар, освои три титули, два купа на УЕФА и играше финале во Лигатан а шампионите.
За германската репрезентација настапи на 51 натпревар и го освои Европското првенство во 1996 година. Успешен беше и во дресот на Ливерпул.
„Знам дека Нагелсман е во врска со новинарката на „Билд“ и тоа беше голема тема во соблекувалната и пороблем за фудбалерите. Многу им пречеше што новинарка на најпознатиот медиум во земјата е девојка на нивниот тренер. Играчите поради тоа немаа доверба во Нагелсман и често се сомневаа во него кога нешто ќе излезеше во весниците“, изјави Бабел.