Изминатата вечер во НБА се одиграа девет натпревари.
Денвер го совлада Бостон со резултат 115:107. Никола Јокиќ одигра уште еден добар натпревар, во кој не постигна премногу поени, но беше блиску до трипл-дабл учинок.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Меѓутоа поени на Јокиќ одлично ги надополни Џамал Мареј кој постигна дури 48 поени од кои 19 во последната четвртина. Исто така од 19 поени на Денвер во првата четвртина Мареј уфрли 14.
Клучни беа некои тројки во последната четвртина кои му обезбедија на Денвер сигурно да го приведе натпреварот кон крајот. Лајлс и Херис имаа по 13 поени, додека во редовите на Денвер двоцифрен беше уште Милисап со 10 поени.
Кајри Ирвинг со 31 поен беше најефикасен во редовите на Бостон со одличен процент на шут 13/17. Браун и Татум имаа по 15 поени, а Хорофорд 12, Хејворд натпреварот го заврши со осум поени и девет скокови.
https://youtu.be/QC73B7bp684
Чикаго Булс после драматичен натпревар и две продолженија славеше победа против Њујорк Никси.
Првото полувреме заврши со резултат 47:47, а после 48 минути игра беше 102:102. На крајот од регуларниот дел Марио Хезоња промаши шут за победа на Никси.
Натпреварот го одлучи Зач Лавин кој во последното продолжение ги постигна сите осум поени за Чикаго, вклучувајќи го слободното фрлање во последната секунда.
Најдобар на натпреварот беше токму Лавин кој стигна до бројка од 41 поен, што е рекорд во неговата кариера.
https://youtu.be/X00uwl1P5HE
Шампионот Голден Стејт стигна до нова победа овој пат протиф Мемфис од 117:101. Најрасположени кај Вориорси беа Клеј Томпсон кој уфрли 27 поени, Дурант додаде 22, а Стеф Кари 19.
Џејмс Харден со 28 поени, шест асистенци и четири скока го предводеше Хјустон до победа против Индијана.
НБА резултати:
Детроит Мајами 115:120 (после продолженија)
Индијана – Хјустон 94:98
Орланд – Кливленд 102:100
Њујорк Никси – Чикаго Булс 115:116 (после продолженија)
Оклахома – Њу Орлеанс 122:116
Денвер – Бостон 115:107
Јута – Торонто 111:124
Голден Стејт – Мемфис 117:101
Лос Анџелес Клиперс – Минесота 120:109