Дома Останати Кошарка НБА повторно се „тресе“ – Пол Џорџ во Оклахома!

НБА повторно се „тресе“ – Пол Џорџ во Оклахома!

После преминувањето на Крис Пол во редовите на Хјустон, изминатата ноќ добивме и уште еден голем трејд во НБА лигата, Пол Џорџ е нов играч на Оклахома Сити.

Од почетокот на 2017 Лос Анџелес Лејкерси важеа за прв фаворит за доведување на Џорџ, но управата на Оклахома беше посериозна и поконркетна.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Оклахома за крилото на Индијана Пејсерс ги дадоа Виктор Оладипо и Домантас Сабонис. Иако трејдот сеуште не е официјално потврден, тоа е само прашање на време, а во прилог на тоа одат последните две објави на Џорџ, односно Расел Вестбрук.

Џорџ објави слика на која е заедно со Вестбрук, додека овој со кратко видео, заедно со неколку пријатели го најави доаѓањето на големата ѕвезда.

Џорџ наредната сезона во неговиот нов клуб ќе заработи нешто помалку од 19 милиони долари. Момчето од Лос Анџелес минатата сезоа во просек забележуваше 23.7 поени, 6.6 скокови и 3.3 асистенција по натпревар. Додека во текот седум години колку што е член на најсилната кошаркарска лига во светот тој просек изнесува 18.1 поен, 6.3 скокови и 3.2 асистенции по натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

На Леброн му се исполни големата желба: Ќе игра во ист тим со својот син

Брони, синот на Леброн Џејмс по многу контроверзии е избран како 55. пик на НБА драфтот. И…