Дури десет натпревари во најсилната кошаркарска лига во светот беа одиграни изминатата ноќ.
Кливленд на домашен терен играше против Оклахома и запиша нов пораз, иако гостите играа без првата ѕвезда Расел Вестбрук. Конечниот резултат гласеше 95:86. Најефикасен во гостинските редови беше Шордер со 28 поени, додека Пол Џорџ додаде 18. Во редовите на Кливленд, најрасположен беше Сехтон со 15 поени.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Мемфис славеше победа над Денвер со 89.87, ова беше само втор пораз за Наџентси оваа сезона. Во прашање е еден навистина слаб натпревар на двете страни, а колку играчите беа нерасположени покажува податокот дека првата ѕвезда на Денвер, Никола Јокиќ уфрли само четири поени без погоден шут од иигра од само еден обид.
Њу Орлеанс конечно успеа да ја прекине низата на пораз, а славеа на домашен терен против Чикаго Булс со 107:98. До победа ги предводеше Ентони Дејвис со 32 поени и 15 скокови.
Далас предводен од Лука Дончиќ гостуваше кај Јута и доживеа нов пораз со 117:102, а Дончиќ беше најефикасен со 24 поени. Кај домаќинот најдобар беше Мичел со 23 поени.
https://www.youtube.com/watch?v=mCxEo88wgSg
https://youtu.be/DowxFV8wr3c
Победничката низа ја продолжија и Рапторси кои беа подобри од Сакраменто Кингс на гости со 114:105, а до победа ги предводеше Каваи Леонард со 25 поени и 11 скокови.
Лејкерси на свој терен против Минестоа стигнаа до победа со 114:110. Најдобар на натпревар беше Дерик Роуз со 31 поен, додека кај Лејкерси Леброн Џејмс уфрли 24 поени, запиша 10 скокови и подели девет асистенции.
НБА резулати:
Кливленд – Оклахома 86:95
Орландо – Детроит 96:103
Атланта – Њујорк Никси 107:112
Мајами – Сан Антонио 95:88
Индијана – Филаделфија 94:100
Мемфис – Денвер 89:87
Њу Орлеанс – Чикаго Булс 107:98
Јута – Далас 117:102
Сакраменто – Торонто 105:114
Лејкерси – Минесота 114:110