Љубителите на кошарката со нетрпение го очекуваат 16. февруари кога во Чикаго ќе се игра „Ол-Стар“ натпреварот.
Гласањето за „Ол-Стар“ викендот веќе започна на официјалната стана на НБА, а повторно ќе гледаме натпревар на Западот и Истокот. НБА сега направи пресек и ги објави моменталните гласови на кошаркарите.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
До пресекот најмногу гласови добил неверојатниот Лука Дончиќ кој игра во животна форма. Дончиќ освоил 1.073.957 гласови и зад себе го остави Јанис Антетокумпо за кого гласале 1.073.358 фанови.
На третото место е Леброн Џејмс со 1.020.851 гласови, додека неговиот соиграч Ентони Дејвис доби 955.246 гласови.

