Никој не знае како ќе изгледа, но климата на стадионот ќе биде важен дел.
До Мундијалот во Катар остануваат уште три години, а како ќе изгледа тешко дека некој може да прогнозира. Сепак, иако има три години до почетокот Катарците веќе знаат во кои термини ќе се играат натпреварите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Светското првенство во Катар ќе биде првото кое нема да се одржува на лето и ќе се игра од 21-ви ноември до 18-ти декември.
Веќе се одредени и термините.
Првиот натпревар ќе се игра во 11 часот по наше време, потоа во 14:00, 17:00 и 20:00 часот, ќе се играат по три или четири натпревари дневно.
Како што е денес објаснето на катараската телевизија на стадионите ќе има клима и се убедени дека љубителите на фудбалот ќе можат да уживаат во одличните натпревари.