Дома Фудбал На теренот не му оди, но за да се шегува на својата сметка Боатенг е цар! (ФОТО)

На теренот не му оди, но за да се шегува на својата сметка Боатенг е цар! (ФОТО)

Некои фудбалери не сакаат да се шегуваат на своја сметка, но дефинитивно таков не е Кевин Принс Боатенг кој многу веројатно после краткиот престој во Барселона на крајот од сезоната ќе се врати во Сасуоло.

Боатенг на општо изненадување на фудбалската јавност во зимскиот преоден рок направи трансфер во редовите на Барселона. Поранешниот фудбалер на Милан така доби шанса да ја заокружи својата кариера која можеше да биде и поуспешна, но како што тој самиот кажа премногу се забавувал.


Франција без гол до полуфинале, таму ја чека разиграната Шпанија! ↓↓↓


Барселона го доведе на позајмица до крајот на сезоната и досега во редовите на Каталонците одигра само еден натпревар во првенството и еден во купот.

Пред неколку дена се појави вест дека Валверде и останатите тренери во Барселона се разочарани од несериозноста на Боатенг и незалагањето на натпреварите, поради тоа и е „закован“ на клупата за резерви и како што споменавме многу веројатно ќе се врати во Сасуоло.

Но, Боатенг вчера откри еден друг талент. Боатенг во вчерашниот натпревар против Атлетико во кој Барселона победи и дојде на чекор од нова титула го сликаше славјето на соиграчите после постигнатиот гол.

„Каков тим“, додаде покрај сликата Боатенг.

 

View this post on Instagram

 

What a team ?❤️ @fcbarcelona ???

A post shared by Kevin Prince Boateng (@princeboateng) on

Веднаш следуваа интересни коментари на негова сметка, а еден констатираше дека Боатенг дошол во Барселона само да прави слики, а не да игра.
На неговиот коментар одговори Боатенг кој го поправи: „Но одлични слики“.

Никој не му замерува, а наредната недела против Хуеска би можел да истрча на теренот бидејќи Суарез е суспендиран.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Столе на првиот тренинг во Валенсија 🎥

Голманот на фудбалската репрезентација на Македонија, Столе Димитриевски, денес го имаше п…