На познатиот словенечки фудбалер Тим Матавж (35) му се заканува петгодишна затворска казна поради семејно насилство бидејќи неодамна и се заканувал и ја малтретирал сопругата
Медиумите во Словенија наведуваат дека напаѓачот на Горица на 9. април ја нападнал сопругата Полона Фаганељ и дека во меѓувреме добил забрана за приближување.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Адвокатот на напаѓачот истакна дека случајот за развод е во тек, а за случајот за наводното насилство нема коментар.
Полона и Тим се во брак од 2014 година и имаат три деца, но сега се соочиле со проблеми во брачниот живот.
Тогаш словенечките медиуми пишуваа дека црвено-белите го посакуваат откако му истече договорот со Витезе, но Матавж ја прифати богатата понуда на Ал Вахда од Обединетите Арапски Емирати.