Пари Сент Жермен е еден од најактивните клубови на трансфер пазарот и не мисли да запре со новите засилување.
Француските медиуми пренесуваат дека следна трансфер цел на ПСЖ ќе биде Пол Погба, кој влезе во последната година од договорот со Манчестер Јунајтед.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Раиола имал средба со претседателот на „светците“ Насер Ал Келаифи и разговарале за можноста Погба да се пресели во Париз.
Манчестер Јунајтед се обидува да го убеди Погба да го продолжи договорот, бидејќи во спротивно ќе мора да го продаде ова лето.
Медиумите на Островот пренесуваат дека Јунајтед ќе бара помеѓу 70 и 80 милиони евра за слободата на играчот, сума која ПСЖ е спремен да ја плати.