Дома Фудбал Лига на шампиони На повидок голема промена: После ова Лигата на шампионите никогаш нема да биде иста!

На повидок голема промена: После ова Лигата на шампионите никогаш нема да биде иста!

Извршниот одбор на УЕФА на состанокот во Рим оваа недела ќе ја разгледува можноста за укинување на голот во гости во нокаут фазите за сите европски натпреварувања.

Тоа правило е воведено во 1965 година кога гостувањата и самите патувања беа многу потешки отколку денес. Се патуваа илјадници километри со часови и во многу по неудобни услови од денес.

Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите


Денес скоро сите европски терени се долги 105, а широки 68 метри, се игра со исти топки и многу е полесно да се постигне погодок на гости отколку порано. Како што пишува германски „Кикер“ со укинувањето на голот во гости УЕФА смета дека ќе се игра многу повеќе офанзивно, со што би било и поинтересно.

За тој проблем минатиот септември се огласи и здружението на европски тренери кои исто така сметаат дека укинувањето на голот во гости би бил добар потег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ги избра парите и сега жали: Еуфорија во Барселона, неочекувано се враќа нивниот најголем борец!?

Иако Деко најави дека Барселона оваа зима нема да биде активна кога станува збор за засилу…