Полскиот ски скокач Пјотр Жила (36) во текот на вчерашниот ден на Планица ја одбрани титулата светски шампион освоена 2021 година на малата скокалница во Оберстдорф.
До новото злато стигна откако беше 13-ти во првата серија. Со скокот од 105 метри тој постави нов светски рекорд.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Прво скокна 97.5 и заостануваше 5.9 бодови зад Стефан Крафт, а потоа во втората серија дојде до неверојатните 105 метри. На крајот Полјакот освои 261.8 бодови и заврши пред Германците, Андреас Велингер (259.2) и Карл Геигер (257.7).