Дома Фудбал Англија На „пијаниот“ Фирмињо му ја одзедоа возачката дозвола!

На „пијаниот“ Фирмињо му ја одзедоа возачката дозвола!

На фудбалерите на Ливерпул во последно време не им оди баш најдобро на теренот, а на Роберто Фирмињо и надвор од него.

Имено, офанзивниот фудбалер на „црвените“ ќе треба да плати 20.000 фунти казна, откако ја призна вината дека својот авотмобил го управувал во алкохолизирана состојба.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Британската полиција го сопрела Фирмино на Божиќ, бидејќи возел во прогрешна насока. Бразилецот се извинил поради инцидентот, а судијата рекол дека олеснителна околност е што во инцидентот никој не е повреден.

Покрај паричната казна Фирмино една година остана без својата возачка дозвола. Казната, како што образложи судот, ќе биде намалена доколку фудбалерот посетува курсеви за безбедност во сообраќајот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Баерн го објави новиот договор на Упамекано

Баерн Минхен потврди дека Дајо Упамекано потпиша нов договор со клубот. Францускиот дефанз…