Дома Останати Тенис На Надал вакво нешто не му се случило 22 години

На Надал вакво нешто не му се случило 22 години

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал изминатата вечер потврди дека нема да настапува на УС Опен, иако тоа беше негова голема желба.

Со потврдата дека нема да настапи на овој турнир стана јасно и дека Надал завршува со настапите на грен-слем турнирите кои оваа сезона ги немаше многу.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Главната цел на Надал беа Олимписките игри, а не играше на Австралија Опен и Вимблдон, додека на Ролан Гарос беше поразен од Александар Зверев во првото коло.

Така Надал ќе ја заврши сезоната без победа на грен-слем турнирите и тоа е нешто што му се случува за првпат од 2002 година кога имаше само 16 години и беше на почетокот од кариерата. Првата грен-слем победа Надал ја оствари во 2003 година кога на Вимблдон дојде до третото коло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Реал Мадрид следното лето носи две ѕвезди бесплатно

Реал Мадрид ова лето го доведе Килијан Мбапе без обештетување како слободен играч, а сега …