Како што пренесува „ЕСПН“ Анхел Ди Марија би можел да биде нов соиграч на Лионел Меси во Мајами.
„Ди Марија сериозно преговара со Мајами и можеби ќе стане член на тој тим веќе во јули. На Фиде (прекар Ди Марија) му се допаѓа таа опција“, изјави новинарот на ESPN, Парадизо.
Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓
На Ди Марија договорот со Бенфика му истекува на крајот од сезоната и најавите засега се дека нема да биде продолжен.
Ди Марија и Меси долги години се соиграчи во репрезентацијата на Аргентина, со која го освоија Светското првенство во 2022 година.
Интересно е тоа што Ди Марија отсекогаш имал голема желба да игра со Меси и на клупски план, а уште додека играше во Реал Мадрид заедно со Кристијано Роналдо не криеше дека за него Меси е најдобриот фудбалер во светот.