Дома Останати Кошарка НБА На истокот во НБА не чека голема драма!

На истокот во НБА не чека голема драма!

Полуфиналните парови во НБА плеј-офот на Источната конференција ќе биде и повќе од драматични.

Во четвртиот натпревар Бостон Селтикс на гости славеа против Милвоки со 108:116 и така изедначија во серијата на 2:2. Селтикси до победата стигнаа благодарение на фуриозната игра во последната четвртина која ја добија со 15 поени разлика (28:43).

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Јанис Антетокумпо очекувано ги предводеше домаќините со 34 поени и 18 скокови, додека кај гостите се издвоија Џејсон Татум и Ал Хорофорд со по 30 поени.

И Во вториот полуфинален пар на Истокот, во серијата помеѓу Филаделфија и Мајами резултатот во серијата е 2:2.

Најблиску до конференциско финале се Голден Стејт Вориорси кои во драматичен меч славеа против Мемфис со 101:98 и сега водат со 3:1. Гостите беа блиску да изедначат во серијата, но скапо ја платија последната четвртина 29:39 и сега се пред елиминација.

Стеф Кари со 32 поени беше најефикасниот кај победниците. Џексон со 21 и Џонас со 19 ги предводеа Гризли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…