Дома Фудбал Репрезентации На Госенс повеќе не му треба дресот на Роналдо

На Госенс повеќе не му треба дресот на Роналдо

Робен Госенс призна дека одиграл одличен натпревар против Германија за Португалија, но овој пат не го побарал дресот од Роналдо.

Германија ја победи Португалија со 4:2 и тоа беше еден од најдобрите натпревари на Европското првенство, Госенс се запиша во листата на стрелци и генерално прикажа одличен настап.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Не знам од каде да почнам. За мене ова беше незаборавна ноќ. Победивме силна селекција, а јас го постигнав својот прв гол на турнирот. Среќен сум и горд“, изјави крилниот играч на Аталанта па додаде:

„Знаевме дека мораме да победиме, дадовме се од себе и на крајот среќни сме поради конечниот резултат“.

Пред неколку месеци Госенс призна дека го замолил Роналдо да ги заменат дресовите после дуелот Јувентус – Аталанта, но тогаш Португалецот одбил. Сега не му го побарал дресот.

„Не го прашав за дрес, сакав да уживам во мојот момент“; изјави Госенс после победата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…