Валверде смета дека има доста голем број на важни играчи и не гледа зошто во јануари би требало да потроши пари за Кутињо.
Каталонците се одлични, имаат +8 во однос на Реал, а приоритет им останува одбраната, поточно стопер. Поранешниот тренер на Билбао од управата бара да му доведат само дефанзивец, со оглед на тоа што нема замена за Пике и Умтити. На Вермален не му верува, Маскерано го отпиша, смета дека и не е стопер, без оглед што играчот игра на таа позиција веќе со години.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Јери Мина не е играч кој би ги задоволил неговите критериуми, иако се шпекулира дека Колумбиецот би можел да пристигне во клубот на лето. Првата цел е Матијас де Лихт од Ајакс. Тој има 18 години и е играч за иднината, во Барселона го следат цела есен и сакаат да го доведат уште во јануари. Ветено му е дека ќе добие шанса во текот на летото, Каталонците сакаат да ја избегнат трката со англиските тимови во текот на летото.