Баерн Минхен вчера го доживеа најтешкиот пораз во нокаут фазата од Лигата на шампионите во последните осум години, Манчестер Сити ги декласираше баварците со убедливи 3:0.
Да не беше расположениот Зомер на голот на Баерн победата на избраниците на Пеп можеше да биде и поубедлива. Баерн ќе има пеколно тешка задача во реваншот да го надополни заостанувањето.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
За Баерн ова е најтежок пораз уште од 2015 година и полуфиналето против Барселона. Тогаш исто така беа поразени со 0:3 и не се пласираа во финалето каде што Барселона го совлада Јувентус и ја освои европската титула.
Загуби Баерн 0.3 и од ПСЖ пред шест години, но тој пораз беше во групната фаза.