Англиските клубови долго време немале вака добри резултати во Лигата на шампионите.
Дури четири англиски екипи стигнаа до четвртфиналето од Лигата на шампионите, а сигурно ќе имаат барем еден полуфиналист бидејќи за место во полуфиналето меѓусебно се борат Манчестер Сити и Тотенхем.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Англискиот фудбал брзо се развива кога во прашање се нивните домашни играчи. Го потврди тоа и англиската репрезентација на Светското првенство во Русија каде што стигна до полуфиналето.
Во вчерашниот натпревар помеѓу Манчестер Сити и Тотенхем тие дојдоа до уште еден успех. Дури осумина англиски играчи играа во тој натпревар.
Последен пат повеќе домашни играчи Англичаните на еден натпревар во Лигата на шампионите имаа пред 11 години кога во финалето во 2008 година играа Челзи и Манчестер Јунајтед. Тогаш на теренот англиски фудбалери имаше десет.
Тотенхем во својот состав вчера имаше петмина англиски фудбалери, а Сити тројца. Трипиер, Роуз, Винкс, Али и Кејн играа за Спарсите, додека за „граѓаните“ стартуваа Делф, Вокер и Стерлинг. Од овие играчи единствен кој не беше дел од репрезентацијата на Англија која играше на Светското првенство беше Винкс.
Вака можеби не изгледа како голема бројка, но со оглед на тоа дека се работи за клубови кои имаат огромни буџети и кои можат да доведат било кого на светот, за секоја пофалба е што имаат толкав број домашни играчи во важен натпревар, посебно тоа важи за Тотенхем.
8 – Tottenham Hotspur vs Manchester City last night saw eight different English players make an appearance. The last UEFA Champions League game to see more Englishmen appear was the 2008 Champions League final between Manchester United & Chelsea (10). Anglo. pic.twitter.com/6KElgZdCv3
— OptaJoe (@OptaJoe) April 10, 2019