Сопственикот на најскапиот клуб во светот ја одреди цената (ако би морал да го продаде клубот).
Познато е дека американскиот Далас Каубојс е највредниот спортски колектив во светот вредноста на овој клуб се проценува 4.8 милијарди долари.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Далас Каубојс е во сопственост на Џери Џонс кој го купи овој клуб во 1989 година за сума од 150 милиони долари, а сега доби прашање дали и ако би го продал за колку би го направил тоа.
„Ако би морал сега да го продадам Далас Каубојс тоа нема да биде под цена за 10 милијардо долари. Ова го кажувам колку да ви дадам одговор, не сакам некој да помисли дека се напродажба. Овој клуб е во моја и сопственост на моето семејство и така ќе остане. Може некој мисли дека сум луд, но секогаш би ги избрал Каубојси пред 10 милијарди долари“, изјави 76 годишниот милијардер.
Иако овој клуб е највредниот во светот тие последниот трофеј го освоија пред 22 години.