Дома Македонски спорт Мак фудбал Најдобрите македонски судии ќе делат правда на дербито помеѓу Вардар и Шкендија

Најдобрите македонски судии ќе делат правда на дербито помеѓу Вардар и Шкендија

ФФМ донесе одлука – правдата на дербито помеѓу Вардар и Шкендија ќе ја делат најдобрите судии во Македонија.

Во неделното дерби на арената „Тодор Проески“ главен судија ќе биде Александар Ставрев, зад головите ќе бидат Димитар Мечкаровски и Дејан Јакимовски. Пмошници ќе бидат марјан Кировски и Дејан Костадинов, четврти судија е Гоце Петрески.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Треба да се истакне дека за прв пат се случува најдобрите македонски судии заедно да делат правда на еден натпревар.

Вардар – Шкендија (Александар Ставрев)

Шкупи – Македонија Ѓ.П (Јосип Бартон)

Ренова – Работнички (Албрим Шаќири)

Струга Трим Лум – Борец (Игор Стојчевски)

Силекс – Академија Пандев (Константин Влахо)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…