Дома Останати Кошарка Најдобриот играч во Евролигата демантира трансфер во Барса!

Најдобриот играч во Евролигата демантира трансфер во Барса!

Најдобриот играч во Евролигата, во минатата сезона, Нандо де Коло, ги демантира пишувањата на шпанските медиуми дека ќе се пресели во Барселона.

Изминативе денови шпанските медиуми шпекулираа дека тој ја напушти ЦСКА Москва и ќе се пресели во Барселона, екипа која сезонава има огромни проблеми со повредени играчи и која игра далеку под реномето.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Меѓутоа, Де Коло веднаш ги демантираше ваквите наоди на шпанските медиуми и тоа преку Твитер.

„И покрај тоа што овде ние „малку“ ладно, мене ми се допаѓа животот во Москва. Но ви благодарам што се грижите за мене“, напиша Французинот.

Де Коло, минатата сезона ја предводеше екипата на ЦСКА Москва до титулата во Евролигата со 19,4 поени, 5 асистенции и 3,6 скокови по натпревар. Оваа сезона пропушти неколку натпревари поради повреда, но и понатаму е клучниот играч на ЦСКА заедно со Милош Теодосиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Остри критики до Дончиќ: Неговите солзи се лажни, не верувам во нив

Лука Дончиќ беше отстранет од Далас и веднаш направи од Лејкерси тим способен да ја нападн…