Лионел Меси ја освои осмата „Златна топка“ во кариерата со што е рекордер, но кога во прашање е заработувачката Кристијано Роналдо во 2023 година е далеку пред него.
Познатиот специјализирна весник за финансиски истражувања „Форба“ ја објави најновата ранг-листа за заработкатан а фудбалерите. Роналдо така е убедливо прв со 260 милиони евра од кои 200 му се од договорот со Ал Наср, а 60 од комерцијалните договори на Португалецот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меси има скоро двојно помала заработка од Роналдо во 2023. Аргентинецот има 75 милиони евра од Интер Мајами и уште 70 од спонзорските договори. Зад Роналдо и Меси на третото место е Бразилецот Нејмар кој е на 112 милиони евра вкупна заработка (80 од Ал Хилал и 32 од спонзорски договори).
Килијан Мбапе кој минатата година беше лидер на листата сега е четврти со 110 милиони евра заработка.
Роналдо во последните 10 години од рангирањето на „Форбс“ бил најплатен шест пати, Мести трипати, а Мбапе само еднаш.