Дома Фудбал Останато Најголемиот „преварант“ во историјата: 20 години лажеше дека е фудбалер!

Најголемиот „преварант“ во историјата: 20 години лажеше дека е фудбалер!

Бразилската фудбалска ѕвезда Карлос Каисер имаше се – ексклузивни договори со популарни клубови, пари, слава и жени. Професионалната фудбалска ѕвезда немаше само едно – знаење да игра фудбал.

Според многумина најголемиот преварант во историјата на спортот, Каисер успеа да направи кариера која траеше готово две децении, а одигра што е можно помалку натпревари и никогаш не постигна гол.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Треба да се признае дека Каисер знаеше по малку фудбал. Беше дел од младинските категории и потпиша професионален договор со популарниот клуб Пуебла во 1979 година, но набрзо го отпуштија.

Сепак, Каисер смисли план како да ја продолжи кариерата. Се „шлепаше“ со подобри играчи, глумеше повреди и го користеше тогашниот недостаток на технологија.

„Како и секој фудбалер доаѓам од симорашно семејство, но сакав да бидам голем, да имам многу пари и да можам на своето семејство да му обезбедам се. Знаев дека тоа е најлесно преку фудбал. Сакав да бидам фудбалер, а всушност да не морам да играм“, призна Каисер во 2011 година.

Каисер на почетокот имаше среќа што се спријатели со ѕвезди како што се Ромарио и Ренато Гаучо, кои го препорачуваа на тренери за да го земат со краткорочни договори. Многу негови договори траеа од 3 до 6 месеци, а кога ќе потпишел им велел дека му треба време за повторно да влезе во форма и на тој начин купувал време за да земи некоја плата без да игра.

Кога ќе дојдело време да тренира Касер веднаш паѓал и глумел повреда, а имал среќа што во тоа време имало ограничена технологија, па лекарите не можеле да одредат дали неговата повреда е автентична. Каисер тогаш го обработувал договорот до крај и барал следна жртва.

Паралелно работел на градење репутација на фудбалска ѕвезда, се дружел со новинари, иум давал дресови со цел да пишуваат лажни статии за неговите способности. Така во една статија новинарите напишале дека му е понудено мексиканско државјанство за да може да игра за таа репрезентација.

Притоа Каисер глумел како разговара телефонски со менаџери и дека го бараат англиски клубови. Но, тоа го открил фитнес тренерот на Ботафого, кој знаел англиски и разбрал дека Каисер зборува неповрзано.

„Секогаш го носеше телефонот со себе, наводно разговараше со своите менаџери и глумеше дека зборува англиски. Еден ден открив дека не разговара со никого и притоа зборуваше неточно“, изјави Торес, фитнес тренерот на Ботафого.

Иако никогаш во кариерата не постигнал гол, новинарите често пишувале за неговите голгетерски способности. Каисер така издржа така до почетокот на деведесетите кога ги закачи копачките на клин.

„Не жалам за ништо што направив. Клубовите многу често ги лажат играчите, некој требаше да ги излаже и нив“, изјави за „Глобо“ Каисер, кого уште го нарекуваат и фудбалскиот Форест Гамп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сити и ПСЖ ја сакаат ѕвездата на Аталанта

Манчестер Сити е во порагата по квалитетен играч за врска, а најновото име на списокот на …