Дома Останати Тенис Најголемиот губитник во тенисот за 2018: Започна во топ 10, а сега не е ниту помеѓу првите 100

Најголемиот губитник во тенисот за 2018: Започна во топ 10, а сега не е ниту помеѓу првите 100

Американскиот тенисер Џек Сок е убедливо најголемиот губитник во 2018 година во светот на тенисот, а она што му се случуваше буквално е за рубриката верувале или не.

Сок годината ја започна како осми тенисер во светот, а ја завршув како – 105-ти играч на АТП листата!

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во историјата претходно само три пати се случувало некој тенисер годината да ја започне во топ 10, а да заврши под 100-тата позиција. Тоа засега им „успеа“ на Мансини во 1990 година (10/127), Бругер 1998 (8/132) и Филипоусис 2004 (9/109).

Секако, станува збор за тенисери кои во тој период немале никакви проблеми со повреди, баш како што немаше и Џек Сок во годината која полека изминува. Причината за неговиот пад на АТП листата лежи само во неговата форма и останатите работи директно поврзани за теренот.

На три од четири Грен Слема, Сок беше елиминиран во првото коло, само на УС Опен стигна до второто. Не успеа да победи ниту еден играч од првите 25, а губеше од петмина тенисери кои не се во топ 100. Најнеочкуван беше поразот од Даниел Брендс кој е 316-ти на АТП листата.

Меѓутоа Џек Сок оваа сезона одлучи да заигра во пар со Мајк Брајан, поради повреда на својот брат Боб, па се претвори во еден од најдобрите дабл играчи. Сок и Брајан заедно ги освоија Велс, Вимболдон и УС Опен.

Сок сега се наоѓа на четвртата позиција на листата кога зборуваме за парови. Овој податок барем малку ја ублажува катастрофалната година која ја имаше поединечно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Синер откри без што не може да се замисли: Подобро една недела без тенис (Видео)

Јаник Синер за време на Ју-Ес Опен потпиша договор со нов спонзор. „Експлора патувања“ ќе …