Дома Фудбал Останато Најголемиот ГОЛГЕТЕР помеѓу голманите: Легендата на Сао Паоло со 131 гол во кариерата! (ФОТО+ВИДЕО)

Најголемиот ГОЛГЕТЕР помеѓу голманите: Легендата на Сао Паоло со 131 гол во кариерата! (ФОТО+ВИДЕО)

Денес ќе ве потсетиме на најголемиот голгетер помеѓу голманите.

Пред четири години крај на кариерата стави легендарниот Рожерио Сени.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Љубителите на фудбалот сигурно се сеќаваат на овој голман кој се издвојуваше од сите останати по тоа што во кариерата постигна 131 гол.

Сени од 1992 година настапуваше за Сао Паоло и во кариерата одигра 1256 натпревари на кои споменавме постигна 131 гол. Од сезоната 1997 до 2016 година кога ја заврши кариерата Сени во секоја сезона постигнуваше барем по два гола.

Целата своја криера ја помина во Сао Паоло и успеа да стане дури и шести најдобар стрелец во историјата на бразилскиот гигант. Со Сао Паоло освои три шампионски титули во Бразил и две во Копа Либертадорес. Треба да споменеме дека во 2002 година беше дел и од репрезентацијата на Бразил која стана светски шампион.

За оние кои не знаат причина за оваа бројка на голови е што Сени беше мајстор за слободни удари. Додека играше во Сао Паоло тој беше задолжен за прекините во зоната за шут и пеналите.

Потсетете и уживајте во мајсториите на најголемите голман голгетер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фотографии од Модриќ по мечот со ПСЖ кои нема да ги остават рамнодушни навивачите на Реал Мадрид

ПСЖ синоќа го декласираше Реал Мадрид со 4:0 во полуфиналето од Светското клупско првенств…