Дома Останати Најбогати спортисти во светот – Мејдевер на врвот!

Најбогати спортисти во светот – Мејдевер на врвот!

Американскиот боксер, Флојд Мејведер, е најбогатиот спортист во светот според заработката во последната деценија, објави магазинот „Форбс“.

Иако имаше само 10 борби од 2010 година, 42-годишниот боксер заработил 915 милиони долари. Речиси третина од таа сума Мејведер ја заработи од мечот против УФЦ ѕвездата Конор Мекгрегор во август 2015.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Меѓу десетте спортисти кои најмногу заработиле има уште еден боксер, Мани Пакјао е на осмото место со 435 милиони долари.

Единствените двајца фудбалери се на второто и третото место, Кристиано Роналдо со 800 милиони долари и Лео Меси со 50 милиони помалку од него.

Меѓу најбогатите десетмина се и Леброн Џејмс, Роџер Федерер, Тајгер Вудс, Фил Микелсен, Кевин Дурант и Луис Хамилтон. Единствената жена во Топ 40 е тенисерката Серена Вилијамс со заработка од 215 милиони долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…