Дома Фудбал Останато Најави и Ди Марија: Во ПСЖ ќе има тренерска смена!

Најави и Ди Марија: Во ПСЖ ќе има тренерска смена!

Веќе е потврдено дека Анхел Ди Марија следната сезона нема да настапува за ПСЖ, но како што стојат работите во Париз летово ќе има големи промени.

Долго време во медиумите се најавува и дека сменет ќе биде тренерот Марусио Покетино. Ваква изјава сега даде и Аргентинецот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Колку што знам јас ќе има тренерска смена, сакаат тренерот да си замине. Летово ќе има големи промени во ПСЖ и се надевам дека Меси го сфати тоа. Големите промени мислам дека ќе му донесат мир и опуштање. Очекувам новата сезона да ја започне многу подобро затоа што и во финишот од сезоната беше се подобар и подобар. Како што одминуваше времето се чувствуваше покомотно“, изјави Ди Марија.

Неколку тренери се споменуваа како нови опции за ПСЖ, а најголема желба на клубот од Париз е Зинедин Зидан, сепак не е јасно дали искусниот стратег има желба да дојде во Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Росениор доби одлични вести од раководството на Челси

Раководството на Челси нема намера да прави тренерска смена на крајот од сезоната, дури и …