Денес цела Англија ќе застана на два часа, бидејќи дојде време за по 228 пат силите да ги одмерат најголемите ривали Манчестер Јунајтед и Ливерпул.
Ова дерби ратко кога разичарува. Денес овие два големи клуба ќе се сретнат на „Олд Трафорд“, предводени од менаџери кои негуваат два целосно различни стила на игра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ќе биде ова и судир на две екипи кои на табелата во Премиер лигата ги делат само два бода. Манчестер Јунајтед е второпласиран со 62 бодови, додека нивниот денешен противник собра два помалку.
Љубителите на фудбалот на Островот со денови го исчекуваат овој натпревар. Сите сакаат да видат каков ќе биде епилогот од двобојот помеѓу „досадниот“ стил на Мурињо и напаѓачката машинерија на Клоп, која е навистина тешко да се запре доколку влезе во ритам.
Ќе биде ова голем тест за Мурињо кој со вчерашните изјави само ја спушташе топката и зборуваше дека за него ова е само уште еден натпревар. За разлика од Мурињо, Сер Алекс Фергусон добро знае што значи денешниот натпревар за сите навивачи, па ги посети играчите во нивната база со цел да им даде дополнителна мотивација.
Love the fact that Sir Alex Ferguson visited the players at the Lowry Hotel ahead of tomorrow’s game vs Liverpool. He knows exactly what it means to the fans, and the players who didn’t know how big tomorrow is, do now. Sir Alex is our godfather. pic.twitter.com/WOrIK80uLy
— The Man Utd Way (@TheManUtdWay) March 9, 2018
Од друга страна харизматичниот Германец Јирген Клоп во своите најави на големото дерби не го критикуваше премногу стилот на игра кој го форсира Мурињо и за кој смета дека е ефикасен, но порача дека Ливерпул на „Олд Трафорд“ доаѓа да ја игра својата игра.
Според коефициентите во 10bet благ фаворит е тимот на Ливерпул кој за победа во дербито добива коефициент од 2.55, за разлика од Јунајтед кој доби 3.00, за реми изнесува 3.20.