Дома Македонски спорт Мак ракомет Нашите „лавици“ поразени од Србија на домашен терен

Нашите „лавици“ поразени од Србија на домашен терен

Женската ракометна репрезентација на Македонија синоќа доживеа пораз од селекцијата на Србија во првиот од двата контролни натпревари. Србија победи со 35:29. Натпреварот се одигра во салата „Автокоманда“ и беше од затворен тип.

Селекцијата на Србија подобро одиграла во вториот дел кога е и обезбедена победата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Вториот контролен натпревар избраничките на селекторот Симе Симовски ќе го одиграат утре претпладне во СЦ „Јане Сандански“. Овие натпревари се дел од неделата на ЕХФ, а за Македонија ова е подготовка натпреварите со Шведска од баражот за Светското првенство во Германија што ќе се играат во јуни месец годинава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…