Најдобрата македонска судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ја добија и втората задача на Европското ракометно првенство кое се одржува во Германија.
Денеска во Манхајм Начевски и Николов ќе делат судиска правда на натпреварот од третото коло во групата „Е“ помеѓу Шведска и Холандија (20.30 часот).
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Тоа ќе биде дербито во групата кое ќе одлучува која репрезентација ќе го освои првото место.
По две одиграни кола Швеѓаните и Холанѓаните имаат по четири бодови, а ниту еден Грузија и Босна и Херцеговина.
Првиот меч Начевски и Николов на ова ЕП го имаа во саботата помеѓу Полска и Словенија (25:32).