Под слоганот #PLAYWITHHEARТ, Македонија, заедно со Словенија и Црна Гора, есенва ќе биде домаќин на Европското сениорско првенство во ракомет за жени.
Првенството ќе се одржува од 4 – 20 ноември, а меѓу најдобрите 16 европски селекции, македонската женска ракометна репрезентација во прелиминарната фаза ќе настапи во рамки на групата Ц, заедно со Холандија, Романија и Франција. Натпреварите од прелиминарната Ц група ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски,“ а билетите се веќе во продажба.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес на официјалната прес-конференција на Ракометната федерација на Македонија, официјално беше претставена програмата за богатата спортска есен, чиј епицентар ќе биде градот Скопје. Покрај тоа, во рамки на настанот, г-ѓа Гордана Нацева – едно од најмаркантните ракометни имиња и капитен на некогашниот европски шампион Кометал Ѓорче Петров, беше промовирана во амбасадор на Women’s EHF EURO 2022 SLO/MKD/MNE .
Според Нацева, фактот што земјава е еден од домаќините, претстојното првенство, претставува одлична можност да се врати центарот на вниманието на женскиот ракомет во македонски рамки, но и да се зголеми интересот за ракометот на девојките ширум земјата.
„EHF EURO група Ц, која ќе се игра во Скопје, е одлична шанса да се подигне женскиот ракомет на повисоко ниво, да се стави спортот во центарот на вниманието и да се мотивираат младите девојки, како би имале поголем интерес за ракометот. Спортот е најдоброто нешто во животот и развојот на едно дете и би сакала тоа да го знаат и родителите и децата. Спортот може да ве научи на многу работи. Затоа ова натпреварување ќе биде ветар во крила за сите нас во женскиот ракомет да направиме нешто подобро“, вели Нацева.