Дома Останати Кошарка Научната фантастика станува реалност: Руски клуб потпиша договор со робот!

Научната фантастика станува реалност: Руски клуб потпиша договор со робот!

Секако, нема да игра, нема да биде на теренот, но еден робот ќе игра важна улога во рускиот клуб.

Имено, робот стана член на стручниот штаб на екипата на Парма која се натпреварува на високо ниво во кошаркаската ВТБ лига.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Овој клуб одлучи на тренерот Максветис за помошник да му доведе робот кој го произведе руската компанијата Промобот.

Роботот ќе се користи за различни методи. Може да го пресмета учинокот на еден кошаркар, да собира статистички податоци и да му дава важни информации на тренерот.

Овој робот клубот ќе го користи само на домашните натпревари бидејќи клубот нема да го води на гостувањата.

На некој начин ова е и еден вид револуција затоа што е прв пат робот на ваков начин да биде вклучен во работата на еден спортски колектив.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Двајца Италијанци не можеле да поверуваат кого сретнале на бензинска пумпа – Лука Дончиќ!

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ веќе подолго време има репутација на скромно момче, секо…