На Мундијалот во Русија полека се доближуваме кон самиот крај на групната фаза, а денес е пред последниот ден во кој ќе се играат натпревари по групите.
Секако, најинтересниот натпревар се игра вечерва (за овие простори сигурно), Србија против Бразил. Србите за 1/8 финале немаат друга опција освен победа против фаворитот, што ќе биде и тоа како тешка задача.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Всушност, на Србија би и бил доволен и бод, но тоа е само рамките на теориите бидејќи за со таков резултат нашиот сосед да обезбеди 1/8 финале потребно е Костарика со два гола разлика да ја победи Швајцарија.
Напаѓачот на Србија, Александар Митровиќ токму поради фаворитската улога на Бразил гледа шанса.
„Бразил не е во идеална ситуација. Тие се едни од фаворитите на целиот турнир, а може да се случи да испаднат уште во групната фаза. Верувам дека можеме да се радуваме“, изјави Митровиќ.
И навистина Бразил не одигра баш најдобро во првите два натпревари. Се мачеа против Швајцарија и на крајот освоија само бод им се закануваше и реми против Костарика, но со головите на Кутињо и Нејмар во финишот сепак стигнаа до победата.
Гледајќи ситуацијата во групата Ф многу лесно би можело да се случи, Германија да заврши на втората позиција, со што второто место во оваа група би значело на хартија условно кажано послаба репрезентација, Мексико.
Во случај Бразил да слави против Србија, многу веројатно (со победа на Мексико и Германија) би било да видиме мега пресметка во 1/8 финалето помеѓу Бразил и Германја.
Веројатни состави:
Србија (4-2-3-1): Стојковиќ, Ивановиќ, Тошиќ, Коларов, Миливојевиќ, Матиќ, Тадиќ, Милинковиќ Савиќ, Лајиќ, Митровиќ.
Бразил (4-3-3): Алисон, Фагнер, Силва, Миранда, Марсело, Ренато Агусто, Касемиро, Кутињо, Вилијан, Хесус, Нејмар.
Според обложувалницата „Coinbet24“ фаворит з овој натпревар е селекцијата на Бразил со коефицент од 1.61, доколку сакате да играте на победа на Србите добивате коефициент од 5.50, за реми изнесува 4.40.
Од останатата денешна програма во Екеринбург Мексико ќе ја пречека Шведска.
Мексико со бод е сигурно прв во групата додека во случај на пораз би можеле дури и да биде елиминирани.
Мексиканците сигурно се една од репрезентациите кои собраа најголем број симпатии ширум светот, најмногу поради одличниот настап против Германија и победата во првото коло. Во второто коло ја совладаа Кореја со 2:1. Како што кажавме во случај на победа или реми сигурно се први, додека во случај на пораз би можеле да бидат елиминирани ако Германија ја победи Јужна Кореја што е за очекување.
Така би се затворил кругот помеѓу Шведска, Мексико и Германија и би одлучувала гол-разликата.
Како што веќе ги споменавме во текстот, во останатите два натпревари од 16:00 часот играат Германија и Јужна Кореја, додека од 20:00 часот вториот натпревар е Швајцарија – Костарика