Дома Фудбал Тензија во Торино: Влаховиќ сакаше да се тепа со навивач 🎥

Тензија во Торино: Влаховиќ сакаше да се тепа со навивач 🎥

Eкипата на Јувентус одигра само 2:2 на домашен терен против Венеција која е последна на табелата во Серија А, а тоа секако донесе незадоволство помеѓу фановите.

За „старата дама“ ова беше четврто реми во низа, а тензијата можеше да се забележи по средбата.

Имено, Влаховиќ кој го постигна голот за реми од пенал во завршницата влезе во расправија со навивачите на „старата дама“ кои со свирежи ги дочекаа фудбалерите.

Медиумите во Италија пишуваат дека навивачот упатил низа навреди кои српскиот напаѓач кој не издржал, па сакал да се пресмета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул е подготвен за јануари: Пронајдоа Аргентинец кој ја разбуди фантазијата на навивачите

Ливерпул во зимскиот трансфер период ќе се обиде да доведе млад аргентински фудбалер од Бо…