Стефан Даскалов за Спортски од Букурешт
Македонија во четврток ја чека вториот натпревар на Европското првенство, противник ќе биде Украина и ова ќе биде меч во кој веројатно ќе мора да победиме за да ги задржиме шансите за втора фаза.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Натпреварот како и претходниот со Австрија ќе се игра на Националната Арена во Букрешт, а правдата ќе ја дели Аргентинец. УЕФА денес одреди натпреварот со Украина да го суди Фернандо Рапалини.
Треба да се напомене дека ова ќе биде првпат во историјата на едно Европско првенство натпревар да суди судија кој не доаѓа од Европа. Помошници ќе му бидат Диего Бонфра и Хуан Пабло Белати. Чеврти ќе биде Славко Винчиќ од Словенија.