Додека се опоравува од повредата Пол Погба се соочува со скандали поради објавите на неговиот брат Матијас.
Братот на Погба помеѓу другите обвинувања го обвини фудбалерот дека користел црна магија за да му наштети на Мбапе.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Мојот брат конечно го покажа вистинсктоо лице. Почна да ја лаже полицијата, сакаше да ме замолчиш и да ме испратиш во затвор. Не ми се потребни пари од тебе. Никогаш не е добро во ваша близина да имате лицемер и предавник.
Жал ми е што брат глуми дека е муслиман, а користи магија да му наштети на Мбапе“, гласеше пораката на Матијас.
Сега во оваа дискусија се вклучи и Самир Насри кој застана на страната на Матијас.
„Погба е малку контрадикторен. Вели дека е муслиман и посветен на релегијата, но ако е така за да се заштите се молите на Бог, не одите кај вештерки“, изјави Насри.