Дома Фудбал Репрезентации Наскоро простување какво што заслужува – Снајдер повеќе нема да игра за Холандија

Наскоро простување какво што заслужува – Снајдер повеќе нема да игра за Холандија

Холандскиот ветеран кажа „доста“ после 15 години поминати во националниот дрес.

Весли Снајдер (33) одлучи да ја заврши својата репрезентативна кариера.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Момчето од Утрехт оваа одлука му ја соопшти на тренерот Роналд Куман при посетата на искусниот стручњак каде што поранешниот плејмејкер на Интер и Галатасарај во овој момент настапува.

Куман и Снајдер разговрале за иднината и искусниот играч за врска се сложил со мислењето на селекторот дека е време да го отстапи местото на помладите.

„Весли е еден од најдобрите холандски фудбалери во последната деценија. Голем играч со големи успеси. Но, сакам да селектирам поинаков тим, да им дадам шанса на помладите и да направам нова селекција“, изјави Куман.

Снајдер 15 години го носеше дресот на Холандија. Дебитираше во 2003 година во пријателскиот натпревар против Португалија, а минатиот ноември го одигра 133 натпревар за оваа селекција против Романија.

Со Холандија Снајдер беше вицешампион на светот во 2010 година и третопласиран на Мундијалот во Бразил пред четири години.

Според информациите од Фудбалскиот сојуз на Холандија  наскоро ќе биде организиран и проштален натпревар за ветеранот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

ИСТОРИСКИ МОМЕНТ: Жена за првпат тренер на екипа од Бундеслигата!

Членот на германската Бундеслига, Унион Берлин, направи историски потег со именувањето на …