Лестер Сити сигурно е една од екипите кои разочараа на почетокот на новата сезона во Премиер лигата.
Симпатичните „лисици“ во овој момент се последни на табелата со само еден освоен бод после шест одиграни кола. Брендан Роџерс е под голем притисок. На поранешниот менаџер на Ливерпул договорот му ситекува во 2025 година, меѓутоа многу брзо би можел да си замине.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англиските медиуми пренесуваат дека Роџерс најверојатно ќе добие отказ ако тимот има лоши резултати во наредните две кола во кои Лестер ќе се сретне со Астон Вила дома и Тотенхем на гости.
Двата дуели се тешки. Вила влегува во овој дуел охрабрена после ремито со Манчестер Сити, додека Тотенхем е само на бод од лидерската позиција.
Скот Паркер беше првиот тренер кој сезонава доби отказ во Премиер лигата, големи се шансите Роџерс да биде вториот.