За викендот тимот на Селтик беше поразен во шкотското првенство Килмарнок, а во Лигата на шампионите овој тим на пет натпревари победи само еднаш, па та групата ќе ја завршат како последни.
Веќе се споменуваат имињата кои можат да го засилат тимот во јануари, еден од тие фудбалери би мжел да биде и Бојан Миовски.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонецот е на радарот на шкотскиот гигант, а тренерот Брендан Роџерс на прашањето дали клубот ќе го доведе Миовски во јануари не демантираше.
„Сега е период кога агентите ги форсираат своите имиња, па конкретни имиња сега не би можел да дадам. Но, сигурно дека има фудбалери кои сакаме да ги доведеме. Како тренер сакам да ги завршиме трансферите што е можно побрзо“, изјави Роџерс.