Специјализираната страница за пазарната вредност на играчите Трансфермаркт, направи интересна споредба колку денеска би била цената на поранешните фудбалски ѕвезди.
Во денешниот фудбал стана нормално клубовите да издвојуваат енормно високи суми за донесување играчи во своите редови. Денеска да се плати 100 или 200 милиони за некој фудбалер стана нормална работа, па со тоа некои навивачи со право се прашуваат колку денеска би вределе Марадона или Пеле.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според Трансфермаркт, оваа идеална постава на Баерн би имала 2 од 3 највредни играчи на светот, помеѓу Мбапе и Нејмар би бил Франк Бекенбауер со 190 милиони евра.
Границата од 100 милиони евра ја пробиваат уште и Румениге со вредност од 155 милиони, потоа Лотар Матеус со 130 милиони и Ули Хенес со 125 милиони.
Интересно е што токму сегашниот претседател на Баерн, Хенес е голем противник на вртоглавите цифри кои се вртат во денешниот фудбал.
„Според мое мислење, ниту еден играч не вреди повеќе од 100 милиони евра.“ – изјави своевремено во изјава за Билд во 2017. година.
In der Top-Elf der @FCBayern-Legenden wimmelt es nur so von Welt- und Europameistern sowie Champions League-Siegern
— Transfermarkt (@Transfermarkt) September 8, 2019
Stimmt Ihr mit den Werten überein?#FCBayern #Bayern #Transfermarkt #TMmarktwerte pic.twitter.com/AZdl6WKKnO