Наполи најави дека Дрис Мертенс ќе биде надвор од терените три недели поради повреда на зглобот.
Мертенс се повреди на натпреварот против Интер на Џузепе Меаца, а Белгијанецот денеска ги помина тестовите и утврдено е дека ќе паузира три недели.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Мертенс веќе го започна процесот на рехабилитација, а клубот потврди дека ќе продолжи со терапиите за време на празниците.
Ќе ги пропушти натпреварите против Лацио во гости и против Торино дома.