Дома Трансфер зона Наполи создава моќен тим: Анчелоти тргнува по Артуро Видал и Ди Марија!?

Наполи создава моќен тим: Анчелоти тргнува по Артуро Видал и Ди Марија!?

Јувентус кој веќе седум години доминира во Италија со ангажманот на Кристиано Роналдо создаде уште посилен тим и поради тоа на ривалите им е јасно дека мораат да се засилуваат доколку сакаат да бидат конкуретни на „старата дама“.

Првиот одговор „бјанконерите“ би можеле да го добијат од Наполи кој предводен од Карло Анчелоти нема намера предвреме да се предаде.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Како што пренесуваат италијанските медиуми тимот на Наполи е спремен да го врати во Италија поранешниот фудбалер токму на Јувентус, Чилеанецот, Артуро Видал. Според информациите, Видал не е задоволен во Баерн и сака нов предизвик, а од Наполи наводно веќе ја спремила првата понуда која би изнесувала околу 30 милиони евра.

Тоа е прилично висока сума ако се знае дека Видал влегува во последната година од својот договор.

Покрај Видал, голема желба на Анчелоти е и Анхел Ди Марија кој веќе претходно се поврузваше со трансфер во Серија А, но во редовите на Интер.

Медиумите во Италија пишуваат дека Анчелоти лично стапил во контакт за Аргентинецот кој во овој момент е проценет на сума од околу 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…