Kвича Кварцхелија ги воодушеви сите во Неапол со своите настапи во дресот на италијанскиот тим и Наполитанците сакаат да го обезбедат неговиот потпис.
Информациите од Италија говорат дека Наполи сака двојно да му ја зголеми платата на Кварцхелија кој во овој момент заработува 1.2 милиони евра.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Најавите се дека со новиот договор Грузиецот ќе добива 2.5 милиони евра и ќе биде обврзан до 2028 година.
Во Наполи Кварцхелија пристигна летото 2022 година и за Наполи одигра 12 натпревари во кои постигна шест гола и подели пет асистенции. Одличен беше и во Лигата на шампионите каде што го предводеше својот тим до првото место на табелата.