Дома Бокс Еве по колку пари заработија Пол и Џошуа од борбата (Видео)

Еве по колку пари заработија Пол и Џошуа од борбата (Видео)

На британскиот боксер во тешка категорија Ентони Џошуа му требаа шест рунди за да го нокаутира Јутјуберот и боксерскиот почетник Џејк Пол во меч кој од самиот почеток беше најавуван како еден од најнерамноправните во историјата на боксот. Пол поголемиот дел од борбата го помина избегнувајќи судир, но на крајот сепак падна пред силата на двократниот светски првак.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Џошуа изгледаше се повеќе фрустриран додека Пол ја избегнуваше борбата и танцуваше по рингот. Сепак, британскиот боксер конечно се наметна и двапати го собори Јутјуберот-боксер во петтата рунда. Пол повторно беше на подот и во шестата, пред Џошуа да зададе силен и чист десен удар кој нагло ја приврши надреалната ноќ во Касеја Центарот во Мајами.

Ова беше борба во која не видовме одличен бокс, но затоа борците заработија исклучителни пари. Според информациите од повеќе извори, Џошуа и Пол братољубиво го поделија износот од 184 милиони долари, што значи дека секој од мечот излезе побогат за 92 милиони долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Бокс

Проверете

Неофицијалната химна на БиХ ги воодушеви и луѓето во Би-Би-Си: Ова е многу заразно!

„Јас сум од Босна, одведи ме во Америка“, звучи насекаде низ светот, а тоа е благодарение …