Дома Фудбал Италија Наполи го продолжи договорот со еден од своите најважни играчи

Наполи го продолжи договорот со еден од своите најважни играчи

Наполи е вистински хит во Европа во есенскиот дел од сезоната. Тимот на Лучијано Спалети е лидер во Серија А и се пласираше во осминафиналето од Лигата на шампионите каде што ќе игра против Ајнтрахт.

Еден од лидерите на оваа екипа е играчот за врска Франк Замбо Ангиса, а Наполи денес заврши голема работа бидејќи го продолжи договорот со Камерунецот до 2025 година. Во новиот договор постои и ставка дека соработката може да се продолжи до 2027.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Ангиса во Наполи стигна минатото лето од Фулам и остави одличен впечаток, па затоа и новиот договор не е изненадување. Пред Фулам играше за Марсеј, додека беше член на францускиот клуб одигра сезона на позајмица во Виљареал.

Ангиса по овој потпис го очекува Мундијалот во Катар каде што неговиот Камерун ќе игра во група со Србија, Бразил и Швајцарија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Адеми го потврди триумфот на Динамо со гол (видео)

Динамо Загреб конечно успеа да забележи победа во хрватското првенство. Вечерва на домашен…