Екипата на Интер по вчерашниот натпревар против Лацио го доби заслуженото Скудето. „Нероаѕурите“ беа најдобриот тим во текот на целата сезона и на крајот имаа право да се радуваат на трофејот.
На вчерашната прослава се случи и еден интересен момент во кој во центарот на вниманието беа Маркус Турам и неговиот татко, легендарниот Лилијан Туран.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Имено, во еден момент фудбалерите на Интер испратија провокација кон Јувентус со тоа што скандираа „Кој не скока е Јувентино“…
Во таа провокација се приклучи и младиот напаѓач, но тогаш кога Лилијан забележа што прави неговиот син се обиде да му „подели“ една „воспитна“. Причината секако е затоа што Лилијан е вистинска легенда на Јувентус и голем дел од својата кариера помина во Торино.
Сепак, вчера како горд татко присуствуваше на прославата на неговиот син.
🚨Marcus Thuram salta al coro “chi non salta è Juventino” e Lilian gli tira uno schiaffo 👀pic.twitter.com/oKtOsw5C70
— Juventus Top News (@JuventusTopNews) May 19, 2024